Втори спортски игри „Велес Дематели Инвест Груп“
- На спортските терени во Градскиот парк во Велес попладнево се во тек натпреварите во пет спорови од вторите Спортски игри „Велес Дематели Инвест Груп“.

Велес,1 јуни 2023 (МИА) - На спортските терени во Градскиот парк во Велес попладнево се во тек натпреварите во пет спорови од вторите Спортски игри „Велес Дематели Инвест Груп“.
Игрите свечено започнаа доцна синоќа, а на нив учествуваат околу 400 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Германија и земјава.
Тие се натпреваруваат во мал фудбал, 3Х3 баскет, одбојка на песок, тенис и за првпат годинава во Е-спорт –виртуелни игри со плејстејшн.
- Игрите ќе траат до недела, 4 јуни, кога се финалните натпревари, а доцна вечерта ќе им бидат врачени награди и признанија за најуспешните екипи и поединци, информира за МИА, Љупчо Бубе Црвенпанов, од организациониот одбор.
Тој потенцира дека преку спортските натпревари, целта им е да ги привлечат младите да спортуваат, да се запознаат и да другаруваат со младите учесници од земјава, соседството и светот.
- Целта е младите да се мотивираат да се спортуваат и да се натпреваруваат, и воедно да се отргнат од секојдневието со нови предизвици за самите да се изборат до успехот, потенцира Црвенпанов.
Воедно ги поканува сите љубители на спортот од Велес и земјава да дојдат и да ги проследат спортските натпревари и да навиваат за своите фаворити.
Сите спортски натпревари се бесплатни за публиката, а организатор на игрите е Евентиве ДОО Велес и Спортското здружение Спортски игри Велес со подршка од Општина Велес. ад/ар