• понеделник, 23 декември 2024

Враќањето на Американците на Месечината е одложено

Враќањето на Американците на Месечината е одложено
Хјустон, 10 ноември 2021 (МИА) - Враќањето на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Артемис“ е поместено од 2024 година - „најрано во 2025 година“, изјави вчера директорот на НАСА, Бил Нелсон. Американската Национална воздушно-вселенска администрација чекаше решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината, за да објави нова временска рамка. - Изгубивме седум месеци поради спорот и, најмногу затоа, го одложивме првото слетување на луѓе - најрано до 2025 година... Но, и поради други причини, изјави Нелсон.           Крајниот рок за 2024 година беше поставен од администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неостварлив“, посочи Нелсон. Тој, исто така, критикуваше и за малкуте парични средства што Конгресот ги одвои последниве години за развој на систем за слетување на Месечината. Нелсон го навести и „сега можниот датум на поаѓање“ на мисијата „Артемис 2“, којашто е прва во програмата, но тоа нема да биде „мај 2024 година“, како што беше првично најавено. - Оваа втора мисија, ќе оди најдалеку колку што човекот некогаш отишол - до 65.000 километри зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата, рече Бил Нелсон. „Артемида 1“, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, според планираното.  си/ссм/

Остани поврзан