Вработени во РЕК Битола ќе засадат 10,000 садници во атарот на комбинатот
- Вработени на РЕК Битола денеска почнаа акција за засадување 10.000 садници во атарот на комбинатот.
Битола, 2 декември 2025 (МИА) - Вработени на РЕК Битола денеска почнаа акција за засадување 10.000 садници во атарот на комбинатот.
Од секторот за односи со јавност информираа дека на првиот ден засадени се 1.400 багремови садници, а кацијата се реализирала во близина на депонијата за отпепелување, на патот кон рудникот Брод Гнеотино на местото викано Биљаник.
Акцијата ја реализираа вработени во комбинатот од Секторот заправни и општи работи, а планското пошумување кое неколкупати годишно се спроведува на деградираното земјиште ќе продолжи со засадување на вкупно 10.000 садници.
Согласно временските услови, акцијата ќе се одвива неколку дена и е последната за оваа календарска година, нагласија од РЕК Битола.мт/са/
Фото: РЕК Битола