• петок, 22 ноември 2024

Во 2022 година евидентирани 153 кривични дела поврзани со семејно насилство во Полошкиот регион

Во 2022 година евидентирани 153 кривични дела поврзани со семејно насилство во Полошкиот регион

Тетово, 15 февруари 2023 (МИА) - Минатата година 2022 година во Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно регистрирани се 153 кривични дела поврзани со семејно насилство од кои во тетовскиот регион 97 и 56 во гостиварскиот регион. Најголемиот број (99) од кривичните дела (ТЕ-60 и ГВ-39) биле со нанесување на телесни повреди, 44 (ТЕ-28 и ГВ-16) со загрозување на сигурноста и така натаму.-Најчести причини за минатогодишното семејно насилство на тетовско-гостиварското подрачје се болестите на зависност, пред се алкохол и наркотични дроги, како и здравствени проблеми, семејни недоразбирања поради финансиски и други потешкотии и друго. Она што е карактеристично е дека споредено со претходните години лани далеку почесто се пријавувало семејното насилство, што не беше случај претходно, кога поради предрасуди и стари стереотипи насилството најчесто остануваше меѓу домашните четири sида, објаснува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.Во вкупниот број на кривични дела биле инволвирани 169 сторители, а биле заокружени со 147 кривични пријави. Меѓу сторителите најбројни се машки лица 148 претежно сопрузи, поранешни и невенчани сопрузи (87).Меѓу „жртвите“ на ваквиот вид насилство, пак, чиј вкупен број изнесува 170, најзастапени се женски лица (133), најмногу сопруги (84), а евидентирани се и 37 машки лица (сопрузи, татковци и синови), кои лани биле „жртви“ на семејно насилство. ас/сст/

Остани поврзан