• недела, 12 април 2026

На 26 март во „Бели мугри“ отворање на изложба од Ана Митевска

На 26 март во „Бели мугри“ отворање на изложба од Ана Митевска

Кочани, 23 март 2026 (МИА) - Во НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж - светлина во темнината“. Куратор е Јасминка Намичева, кустос советник. 

-Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години, велат од кочанската Национална установа.

Отварањето на овој настан од културата закажан за четврток е планирано да започне во 19 часот во Салон „Фоаје 2“. 

Изложбата е дел од проектот „Преземање изложби за 2026 година“ кој е финансиран од Министерството за култура и туризам. ис/вј/

Фото: Плакат „Бели мугри“

Остани поврзан