"Велигденска традиција 2026" во Крива Паланка денес
- Во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата од општината, денес со радост и празнична енергија ќе се реализација традиционалната манифестација "Велигденска традиција 2026" во културно-историскиот локалитет во село Градец.
Крива Паланка, 12 април 2026,( МИА)- Во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата од општината, денеска со радост и празнична енергија ќе се реализација традиционалната манифестација "Велигденска традиција 2026" во културно-историскиот локалитет во село Градец.
-Да ја споделиме радоста и топлината на празникот, да ја оживееме нашата културна и музичка традиција и да создадеме незаборавни моменти за сите генерации. На програмата настапуваат: Раде Рогожаров, изворниот оркестар „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочани и локалниот ансамбл КУЗ "Карпош", Крива Паланка. Заедно во песна, игра и празнична атмосфера да го прославиме Велигден, велат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Во текот на вчерашниот ден на централниот градски плоштад се одржа програма наменета за сите генерации, со акцент на најмладите.
-Градскиот плоштад беше исполнет со смеа, детска разиграност и позитивна атмосфера, во рамки на настанот „Велигденска забава со најмладите“. Со богата програма, аниматори, пантомимичари, музика и бројни забавни игри, децата уживаа во незаборавни моменти.Особен интерес предизвика потрагата по скриеното велигденско јајце, при што најуспешниот учесник беше награден со вредносен ваучер од 5.000 денари, додека за дел од останатите игри беа доделени симболични велигденски подароци, во духот на празничната радост.Овој настан се организираше за првпат и има за цел да прерасне во традиција која ќе го збогатува културниот живот на градот. Детската радост и смеа се најголема инспирација и поттик за секој вложен труд и секоја идна активност, особено за време на празниците, додаваат од општината.
Празнувањето на Велигден започна синоќа во храмовите, каде се служеа литургии и верниците масовно ги посетија и манастирот Св. Јоаким Осоговски и соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј. Со света божествена литургија во храмовите и денеска свечено се слави воскресението Христово. иб/вг/
Фото: плакат