• недела, 22 декември 2024

Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина

Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина

Јоханесбург, 28 ноември 2023 (МИА) - Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

-Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.

Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

-Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан