Во Јужна Африка, уапсена жена со 68 капсули кокаин во стомакот
- Откако полицијата добила дојава дека жена се обидува да пренесе дрога на лет од Сао Паоло, Бразил, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на аеродромот.

Јоханесбург, 24 септември 2024 (МИА) - Безбедносните служби на Меѓународниот аеродром во Јоханесбург - еден од најпрометните во Јужна Африка, уапсиле жена на која со рендгенски снимки ѝ биле пронајдени 68 капсули кокаин во стомакот, со вкупна тежина од околу 850 грама. Потоа таа е обвинета за криумчарење дрога.
Откако полицијата добила дојава дека жена се обидува да пренесе дрога на лет од Сао Паоло, Бразил, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на аеродромот.
Таа е 10-то лице уапсено на овој аеродром изминативе два месеца под сомнение за криумчарење дрога, според полициските извештаи. Минатата недела беше уапсен и Нигериец кој се соочува со слични обвиненија. си/сд/
Фото: ЕПА