• недела, 21 април 2024

Во Штип Фестивал на современа музика

Во Штип Фестивал на современа музика

Штип, 6 јуни 2023 (МИА) - Почна првото издание на Фестивалот за современа музика 2023 година, во штипскиот Безистен. Деканката на Академијата за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Златка Митева вели дека на втората фестивалска вечер ќе настапат најдобрите студенти од вокално инструменталниот оддел.

-Вечерва, тие ќе настапат односно ќе изведуваат композиции на различни инструменти. Единствената цел беше промоција на млади талентирани уметници, сегашни и идни студенти при Музичката академија и нормално штипската и македонската публика да може да слушне познати афирмирани уметници од земјава и странство, вели Митева.

Посочи дека Музичката академија при УГД има низа концерти кои се одржуваат секоја година и додаде дека овој Фестивал за современа музика би требало во иднина да стане традиција и да се одржува секоја година во континуитет.

Уписите на Музичката академија при УГД започнуваат кон крајот на месец август и траат до крајот на месец септември. Натавните програми и одделите веќе им се презентирани на идните студенти на отворените денови кои се реализираа претходно. Митева рече дека новитет има на три студиски програми.

-Тоа се за ударачки инструменти, класичен саксафон и класична хармоника. Тоа се новитети на нашата Музичка Академија, а инаку сите студиски програми кои беа понудени остануваат и се надевам дека ќе ги задоволат потребите на идните студенти, додава Митева.

Првото изданиена Фестивалот за современа музика 2023 година е во организација на Музичката академија при УГД. вдј /дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан