• среда, 15 мај 2024

Во Штип утре изложба на воена опрема

Во Штип утре изложба на воена опрема
Штип, 19 мај 2022 (МИА) - Штипјани, но и граѓаните од источниот регион утре ќе можат да ја видат изложбата на воена опрема. Во соопштението од Општина Штип се наведува дека утре во периодот од 16 до 18 часот на улица Брегалничка наспроти фудбалскиот стадион во Штип ќе се одржи изложба на воена опрема на учесниците на армиите од Република Македонија, САД и Обединетото Кралство кои се учесници на најголемата вежба „SWIFT RESPONSE“ која во моментот тековно се реализира на Армискиот полигон Криволак. Оваа изложба може да ја посетат сите заинтересирани граѓани и одблизу да се запознаат, дружат и поставуваат прашања на учесниците како и за изложената опрема. вдј/ки/

Остани поврзан