• петок, 22 ноември 2024

Во Штип се уредуваат влезови на станбени згради во центарот

Во Штип се уредуваат влезови на станбени згради во центарот

Штип, 8 февруари 2024 (МИА) - Општина Штип почна да ги уредува влезовите на станбените згради во централното градско подрачје.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека во наредниот период ќе се работи на уредувањето кај црвени и зелени кули во Штип, а ќе се работи и на тротоарските површини. Тој посочи дека граѓаните од овие станбени згради во центраот на Штип веќе половина век чекаат да им се реализира барањето.

-Се поставуваат павер елементи, но ќе се уреди и делот кој ги поврзува улиците „Христијан Карпош“ и „Славчо Стојменски“. Повеќе од 40 – 50 години овој дел не бил истретиран, а е барање и потреба на жителите не само на околните згради туку и на минувачите, затоа што е централно градско подрачје. Деновите кои следуваат ќе се работи и на тротоарските површини, но и на влезовите пред станбените згради и со тоа очекувам да се заврши овој потег, рече Јорданов.

Тој додаде дека со овие градежни активности ќе се зголемат и паркинг местата во центарот на градот, со што ќе се ублажи еден од најголемите проблеми, а тоа е  паркирањето во централното подрачје. 

-Максимално ќе се потрудиме да го искористиме просторот кој ни стои на располагање, да создадеме дополнително паркинг место кое ќе биде уредено со павер елементи. Вкупната инвестиција е нешто повеќе од еден милион денари, пари од Буџетот на Општина Штип, рече Јорданов.

Во тек се и градежни активности на неколку локации во Штип, за изградба на нови тротоари и замена на водоводна и канализациска мрежа. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан