• сабота, 27 јули 2024

Во Штип почна Светската недела на италијанската кујна

Во Штип почна Светската недела на италијанската кујна

Штип, 23 ноември 2023 (МИА) - Почна Светската недела на италијанската кујна, а во Штип синоќа се одржа големиот натпревар „Пица или Пастрамајлија“.

Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија Андреа Силвестри истакна дека се споредуваат два скапоцени специјалитети на италијанската и македонската кујна.

-Многу сум среќен што оваа година италијанската Влада ја кандидира италијанската кујна за нематеријалното богатство на УНЕСКО, бидејќи италијанската кујна не е само храна и рецепти, таа е богатство за сите граѓани и пријатели на италијанската кујна, вели Силвестри.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов истакна дека е чест и задоволство да се присуствува на ваков настан,  којшто ја покажува долгогодишната соработка меѓу двете земји.

-Штип е познат по традиционалната штипска пастрамајлија, но сега имаме можност да гледаме како на традиционален начин се подготвува и традиционалната италијанска храна, а тоа е пицата, којашто ќе се компарира со нашиот бренд штипската пастрамајлија, вели Јорданов.

Познати  пица мајстори од земјава и Италија за присутните гости во „Локал и кичен бар“ ги проготвуваа познатите специјалитети. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан