• недела, 10 ноември 2024

Во штипскиот Дом на млади откриен муралот на Божидар Симоновски

Во штипскиот Дом на млади откриен муралот на Божидар Симоновски
Штип, 8 ноември 2022 (МИА) - Во штипскиот Дом на млади денеска е откриен муралот на Божидар Симоновски, кој го прими и признанието 8. Ноември. Уметничкото дело е на Елена Поповска, која вели дека работата била исклучително значајна за неа, имајќи предвид дека се работи за важна личност. - Станува збор за мурал, што е насликан во поп-арт стил. Задоволството беше огромно, бидејќи станува збор за една, не само штипска легенда, туку музичка легенда, која има многу придонесено за културата во Македонија, истакна уметницата Елена Поповска. Според директорот на Дом на млади, Видан Лазарев, овој мурал, ќе биде потсетник на големата работа на Симоновски, но и поттик и обврска да се зачува Домот на млади. - Да се надмине успехот на овој човек е невозможно. Да се биде негова замена е пеколно тешко. Сепак, се согласив да ја раководам институцијата, не оти ќе го надминеме Бошко, туку оти тоа му го должиме ние на градот. Наша обврска е да го зачуваме Домот на млади, нашиот сегашен и иден успех се должи на тоа оти стоиме на рамениците како Божидар Симоновски, рече Лазарев. Настанот беше збогатен со музичка точка за време на откривањето на муралот, а потоа следеше и музички настан во Домот на млади.вдј/цр

Остани поврзан