• понеделник, 23 декември 2024

Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ

Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ ги проверува листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга.

- Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ, предводено од проф.д-р Марија Јовановски-Срцева даде налог за проверка на сите листи за хируршки интервенции во рамки на оваа установа. По увид и анализа во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од Клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга, информираат попладнево од ТОАРИЛУЦ.

Според Јовановски-Срцева, овој проблем изминатиот период бил мапиран како еден од најгорливите проблеми со што се соочуваат пациентите и за таа цел, тим од Клиниката ќе ги контактира пациентите кои подолг временски период, односно повеќе од една или две години чекаат за хируршка интервенција.

- Ќе биде изготвен план и динамика во рамки на ресусите со што располага Клиниката за обезбедување на оваа здравствена услуга кај пациентите кои подолг период биле оневозможени да ја добијат оваа здравствена услуга, најавува таа. бд/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан