• четврток, 19 декември 2024

Во штипската населба „ 8 Ноември“ почнува селекција на отпадот

Во штипската населба „ 8 Ноември“ почнува селекција на отпадот

Штип, 9 јануари 2024 (МИА) - Штипската населба „8 Ноември“ е првата во која од утре започнуваат активности од пилот проектот за менаџирање со отпад. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека проектот подразбира воспоставување добри практики и позитивни навики кај граѓаните со тоа што тие самите пред исфрлањето на отпадот од домаќинствата ќе вршат селекција, на пример на картонот и пластиката, а потоа и ќе ги одлагаат во посебни контејнери.

Тој посочува дека ова е во насока на подигање на свеста кај граѓаните, со цел да се создава што помалку отпад.

- Во соработка со граѓаните, ние ќе воведеме систем на примарна селекција, што би значело намалување на сметките за подигање на смет од страна на Јавното претпријатие, а од друга страна би значело почиста и подобра средина за сите нас кои живееме во општина Штип. Ние мораме да работиме заеднички со граѓаните за подигање на свеста кај сите нас. Тоа значи дека ние ќе започнеме активности и кампањско објавување за подигање на свеста во однос на менаџирањето со отпадот, вели Зајков.

Дополнително, ова ќе значи и зачестено собирање на сметот од страна на екипите на Јавното претпријатие „Исар“, повеќепати во текот на денот, а кај граѓаните треба да предизивка тие сметот да го исфлаат најмногу еден час пред собирањето. Тоа ќе придонесе да нема полни контејнери во текот на целиот ден.

- Доколку ја воведеме успешно примарната селекција во населбата „8 Ноември“ и потоа како модел со сите предности и маани го спроведеме во целата општина Штип. Тоа ќе значи дека ние како општина ќе генерираме помал волумен на отпад, бидејќи примарната селекција значи дека во комуналниот отпад треба да се издвојат оние фракции што имаат употребна и економска вредност и нема да завршуваат на депонијата, туку ќе се појави интерес од страна на оператори кои овој вид отпад би го собирале. Тоа за граѓаните ќе значи одредена финансиска придобивка за намалување на трошоците, рече Зајков.  вдј/цр

Фото: МИА

Остани поврзан