Гласен синдикат се приклучи на Сојузот на синдикати – 5та СИЛА
- -Ова е чекор напред кон посилно, похрабро и попрогресивно синдикално движење. Единството и солидарноста се нашата најголема сила – и само заедно можеме да ја промениме реалноста на македонскиот работник, се наведува во соопштението.
Скопје, 14 јуни 2025 (МИА) - Гласен синдикат од денеска официјално стана дел од Сојузот на синдикати – 5та СИЛА, соопштуваат од синдикатот.
Оттаму информираат и дека едногласно е избрана Кристина Ампева за Генерален секретар на Сојузот. Ампева, како што дополнуваат, е позната по својата долгодишна, гласна и бескомпромисна борба за правата на работниците и социјална правда.
-Ова е чекор напред кон посилно, похрабро и попрогресивно синдикално движење. Единството и солидарноста се нашата најголема сила – и само заедно можеме да ја промениме реалноста на македонскиот работник, се наведува во соопштението. ар/нд/
Фото: Гласен синдикат