• понеделник, 23 декември 2024

Во Шведска подигнато обвинение против двајца шпиони

Во Шведска подигнато обвинение против двајца шпиони
Стокхолм, 11 ноември 2022 (МИА) - Шведското обвинителство денеска поднесе обвинение против двајца браќа осомничени за шпионажа во корист на Русија,  наведувајќи дека гореспоменатите злосторства може негативно да влијаат на безбедноста на земјата. Браќата, на возраст од 42 и 35 години, се во притвор од минатата година и претходно ги негираа сите обвиненија. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека осомничените извршиле тешко кривично дело насочено против шведските разузнавачки служби и безбедноста на земјата. Според шведското Обвинителство посочи дека многу делови од кривичната истрага се доверливи. ми/  

Остани поврзан