• четврток, 26 март 2026

Гвајана побара од МСП да ја спречи Венецуела да одржи избори во спорниот регион Есекибо

Гвајана побара од МСП да ја спречи Венецуела да одржи избори во спорниот регион Есекибо

Џорџтаун, 6 март 2025 (МИА) – Гвајана денеска побара од Меѓународниот суд на правдата (МСП) да и нареди на Венецуела да не продолжи со плановите за одржување избори во спорниот регион Есекибо, тврдејќи дека гласањето ќе ја прекрши претходната судска одлука, соопшти Министерството за надворешни работи на Гвајана.

Во Венецуела на 25 мај ќе се одржат покраински избори, вклучително и избори за гувернери на државите.

Владата на претседателот Николас Мадуро минатата година усвои закон за создавање нова држава на спорната територија, и покрај тековниот спор пред Меѓународниот суд на правдата за тоа на која земја припаѓа Есекибо и судскиот налог од 2023 година со кој и се забранува на Венецуела да го менува статус квото на територијата.

Гвајана во соопштение наведе дека највисокиот суд на Обединетите нации треба да и забрани на Венецуела да одржува избори во областа од 160.000 квадратни километри. јт

Фото: ЕПА

Остани поврзан