• четврток, 09 јануари 2025

Во тунел во Газа пронајдено тело на еден заложник на Хамас

Во тунел во Газа пронајдено тело на еден заложник на Хамас

Газа, 8 јануари 2025 (МИА) – Во тунел во Газа денеска е пронајдено телото на заложникот Јусеф ал-Зијадне (53), соопшти неговото семејство.

Израелската армија (ИДФ) потврди дека Зијадне бил откриен во подземен тунел во Рафа, каде биле откриени и траги што укажувале на синот на Јусеф, Хамза – кој исто така беше земен како заложник – како и други разузнавачки материјали.

Покрај посмртните останки на Зијадне во тунелот биле пронајдени и телата на најмалку двајца оперативци на Хамас за кои ИДФ верува дека го чувале Зијадне.

Тунелот во јужниот дел на Газа, Рафа, од кој беше извлечено телото на заложникот Јусеф Зијадне (53), се наоѓа во област каде што претходно дејствувала војската.

ИДФ се врати во областа по нови разузнавачки информации за да го извлече телото, јавија израелски медиуми.

Причината за смртта на Јусеф сè уште се истражува, иако според првичните проценки на ИДФ, тоа не се случило неодамна.

Јусеф, кој живеел во Рахат, бил киднапиран заедно со три од неговите деца од кибуцот Холит на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши терористички напад врз јужен Израел и уби околу 1200 луѓе. јт/

Фото: Форум на семејства на заложници

Остани поврзан