• четврток, 26 март 2026

Во Тирана промоција на книгата „Мојот маж" од Румена Бужаровска во превод на албански јазик

Во Тирана промоција на книгата „Мојот маж

Дебар, 21 мај 2025 (МИА) - Во Европската куќа во Тирана, пред бројна публика се одржа промоција на книгата „Мојот маж" од Румена Бужаровска, преведена на албански јазик, објави македонската Амбасада.

-Делото, кое секогаш поттикнува длабоки размисли за брачниот живот, како и за социјалните и интимните граници што ги воспоставуваме со нашите партнери, и овој пат кај албанската публика предизвика лавина од прашања и коментари, што прераснаа во живописна и динамична дискусија, стои во објавата.

„Мојот маж“ е издание на издавачката куќа „Кандра Ботиме“, во превод на Крешник Ајдини, а редактор е  Дритан Шулчебе. 

На настанот, организиран од издавачката куќа, присуствуваа и претставници на македонската амбасада и македонскиот културно информативен центар. вт/дма/

Форо: Илустрација

 

 

 

Остани поврзан