• четврток, 26 декември 2024

Во Тирана почнува состанокот на министри за одбрана на Југоисточна Европа, СЕДМ

Во Тирана почнува состанокот на министри за одбрана на Југоисточна Европа, СЕДМ

Тирана, 5 ноември 2024 ( МИА) Денеска и следните два  дена Албанија ќе биде домаќин на Состанокот на министри за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ).

- На состанокот, кој почнува денеска ќе учествуваат претставници на земјите-членки на СЕДМ, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Турција, Словенија, Србија, Украина, Молдавија, Грузија и САД. Ќе учествуваат и претставници од организации како Центарот за безбедносна соработка (RACVIAC), UNDP/SEESAC, јави АТА.

Целта е да се промовира регионалната соработка и добрососедските односи, да се зајакнат регионалните одбранбени способности, да се соработува преку колективни напори и да се создадат врски кои ја олеснуваат интеграцијата во евроатлантските институции.

Состанокот на министри за одбрана на СЕДМ е највисокиот и најважниот дел од СЕДМ процесот и се реализира годишно во една од земјите членки на ротациона основа. 

Ова е ефикасен механизам за зајакнување на регионалната стабилност и еден од најстарите и најважните форуми за регионална безбедност и одбранбена соработка. вт/
Фото: МО Албанија

Остани поврзан