Во Тиквешко солиден интерес за обезбедување трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата
- Во Тиквешко имаше солиден интерес за обезбедување на трактори и приклучна механизација на првиот повик од ИПАРД три програмата, потврдија денеска за МИА од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.

Кавадарци, 22 ноември 2023 (МИА) - Во Тиквешко имаше солиден интерес за обезбедување на трактори и приклучна механизација на првиот повик од ИПАРД три програмата, потврдија денеска за МИА од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.
- Освен за трактори и приклучна механизација, тиквешани пројавија интерес и за подигнување на нови лозови и овошни насади. Надвор од секторот земјоделство, имавме и случај на заинтересиран за опрема за преработка на дрво, појаснија од работната единица на Агенцијата.
Оттаму потсетија дека минималната субвенција изнесува 60 проценти од вредноста на инвестицијата.
- Но, кога станува бор за млади земјоделци до 40 години или рурални средини со тешки услови на стопанисување, субвенционирањето може да биде и со 65 до 70 отсто од инвестираните средства, нагласија од работната единица на Агенцијата. свд/мд/
Фото : МИА