• среда, 15 мај 2024

Во Тетово со настава ќе почнат 991 прваче и 1195 прва година средно училиште

Во Тетово со настава ќе почнат 991 прваче и 1195 прва година средно училиште

Тетово, 31 август 2023 (МИА) – Во рамки на Општина Тетово во 12 основни училишта утре учебната година ќе ја започнат 991 прваче од кои 789 на албански наставен јазик, 185 на македонски наставен јазик, седум на турски наставен јазик. Минатата учебна година на 31 август 2022 година Секторот за јавни и дејности имаше евидентирано 1033 првачиња.

- Општина Тетово е подготвена за 2023/2024 година. Сите мерки се преземени учебната година да почне на 1 септември, инфраструктурни зафати има по можности сите училишта. Во споредба со учебната година 2022/2023 прилично е иста бројка, учебници се распределуваат по училишта иако е голема бројка на учебници што фалат во нашите училишта. Чекаме на 1 септември да видиме колку учебници ќе се распределат од страна на Министерството за образование и наука за да имаме точна бројка на распределени учебници, информираше Назми Даути, раководител на Секторот.

Наставата во прва година средно училиште ќе почнат 1195 ученици. Минатата 2022/2023 на почетокот на школската година имаше запишано околу 800 ученици. ас/цр

Фото:МИА

Остани поврзан