• сабота, 27 април 2024

Во тек интервенција на пожар во делчевското село Бигла

Во тек интервенција на пожар во делчевското село Бигла

Делчево, 1 април 2024 (МИА) - Пожар во месноста Тафраковец во атарот на делчевското село Бигла избувна денес во попладневните часови. 

Екипи на ТППЕ Делчево по претходна дојава од страна на жители на селото, се упатија на местото на пожарот, со цел да спречат негово ширење.

Во пожарот зафатена е дабова шума и сува трева, а во гаснењето вклучени се и мештани од селото.

Претходно делчевските пожарникари го изгаснаа пожарот кој денес попладне избувна над делчевската населба Милково Брдо. вс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан