Градоначалникот Грозданов се сретна со станарите од Трговскиот центар блок А во Кочани
- Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов се сретна со станарите од Трговскиот центар, од блок А, на чија источна страна од терасата се наоѓаат угостителски објекти, кои подолг период имаат статус на бесправно изградени.
Кочани, 4 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов се сретна со станарите од Трговскиот центар, од блок А, на чија источна страна од терасата се наоѓаат угостителски објекти, кои подолг период имаат статус на бесправно изградени.
На средбата беа посочени проблемите од јавен интерес, за кои градоначалникот Владко Грозданов најави изнаоѓање најсоодветни начини за нивно надминување.
Станарите побараа да се отстранат бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на Трговскиот центар блок А, и доколку е можно, да се постави заедничка кровна конструкција на терасата, или пак да се изработи проект за хидроизолација и замена на газиштата на скалите. Станарите предложија, во краен случај, просторот да се користи како порано, односно со поставување маси и столови покриени со чадори и украсување со жардиниери.
Станарите од блок А на Трговскиот центар во Кочани побараа решенија и за гласната музика и бучавата, за непријатните мириси од кујните на угостителските објекти, како и подобрување на безбедноста и функционалноста на подземниот премин.
На крајот беше донесен заклучок да се преземат соодветни дејства за решавање на наведените проблеми, со цел да се подобри целокупната слика за градот и Општината и да се зголеми безбедноста и квалитетот на животот на станарите, информира Општина Кочани. ис/
Фото: ФБ на Општина Кочани