Во тек е пријавувањето за бадникарски кум во Крива Паланка
- Од денес до понеделник кривопаланчани можат да се пријават за бадникарски кум на свечената прослава што општината ќе ја реализира на градскиот плоштад во вторник, 6 јануари, Бадник.
Крива Паланка, 2 јануари 2026 (МИА) - Од денес до понеделник кривопаланчани можат да се пријават за бадникарски кум на свечената прослава што општината ќе ја реализира на градскиот плоштад во вторник, 6 јануари, Бадник.
-Во духот на православната традиција и вековните обичаи, Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Општина Крива Паланка“ ги повикуват сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество во свечениот избор на бадникарски кум за 2026 година, по повод Бадниковата прослава што ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, на градскиот плоштад, велат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка
Оттаму посочуваат дека Бадник е ден на сплотување, радост и заедничко прославување, а бадникарското кумство претставува огромна чест за целата заедница во празничните денови посветени на најголемите христијански празници, Бадник и Божиќ,.
Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во Фондација „Со срце за Општина Крива Паланка" на е-маил: fondacijasosrcezakrivapalanka@gmail.com или кај Жаклина Цветковска, како и во
Општина Крива Паланка на е-маил: lmitvoska@krivapalanka.gov.mk, кај Лидија Митовска, 075 368 077.
Пријавувањето ќе се врши најдоцна до 5 јануари 2026 година,со што пријавените ќе имаат можност да бидете дел од традицијата што ја поврзува заедницата. ид/дма/
Фото:МИА архива