• понеделник, 13 мај 2024

Во тек градежните работи за целосна реконструкција на градинката „Пеперутка 1” во Драчево

Во тек градежните работи за целосна реконструкција на градинката „Пеперутка 1” во Драчево

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска извршија увид во градежните активности за проширување и реконструкција на градинката „Пеперутка 1” во Драчево. Во завршна фаза е темелната обнова на овој објект кој постои скоро 60 години и во кој досега немало реконструкција на објектот.

По завршувањето на реконструкцијата, градинката „Пеперутка 1” ќе може да прими околу 150, наместо како досега 90 деца, и со тоа се затворат листите на чекање во Драчево, информира градоначалникот Ѓорѓиевски. Потенцира дека со започнатите и планирани проекти, наскоро и во целата Општина Кисела Вода нема да има деца кои ќе чекаат да бидат запишани во градинка.

-Покрај проширувањето, изградивме нови санитарни јазли, реконструиран е кровот, променет е подот, електриката, инсталацијата, прозорците, ставаме и нова енергетско-ефикасна фасада... Со ангажманот кој го презедовме нашите најмлади жители ќе добијат современи услови за престој, а еднакво важно е што добиваме и дополнителен простор, бидејќи наместо 90, ќе можат да се згрижат 150 деца. Посебно е важно што акцентот на слободни места, го ставаме врз јаслите, бидејќи бројот на новоредени дечиња расте, што секако е добра вест, рече Ѓорѓиевски и потсет дека на почетокот од неговиот  мандат повеќе од 400 деца немаа можност да бидат запишани во градинка и чекаа да се ослободи место. 

Велковски го истакна задоволството од она што досега е реализирано во Општина Кисела Вода и се осврна на поддршката која ќе ја даде Министерството за опремување на овој објект, но и за останатите потреби на општината и останатите општини во делот на давањето согласност за вработувања.

-Сакам да упатам благодарност кон градоначалникот Ѓорѓиевски за сета досегашна работа, за сите реализирани проекти, објектите кои или се реконструирани или се изградени и кои тој ги наведе во своето излагање. Кисела Вода е една од ретките општини која е пример дека со најголем дел од сопствени средства успеале да го намалат бројот во листите на деца кои чекаат упис во градинка, а се надевам во скоро време и сосема да ги доведат до нула,потенцира министерот Велковски.ад/фф/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан