• вторник, 20 август 2024

Во Струмичко привршува отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Во Струмичко привршува отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Струмица, 20 август 2024 (МИА) - Во Струмичко привршува откупот на црвената пиперка-куртовска капија произведена во пластеници. Откупната цена се движи од 20 до 50 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека и годинава производството е намалено во споредба со лани.

Според Ване Заев од компанијата „З пласт“ од село Муртино, откупот почнал на почетокот на минатиот месец и досега секојдневно црвената пиперка-куртовска капија најмногу се извезува на пазарите во Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.

-Лошите временски услови, односно големите жештини, драстично го намалија приносот кај производителите. За куртовската капија има побарувачка и добро е што цените цел период се стабилни, вели Заев.

Инаку, прва класа црвена пиперка-куртовска капија се откупува за 50 денари во гајба, прва класа за индустриско производство-40 денари за килограм, втора класа 30 и 20 денари.

Според трговците, овие откупни цени се очекува да важат и за откупот на црвената пиперка од отворено. Таа треба да почне да се бере за десетина денови и најмногу е наменета за подготовка на ајвар.

Инаку, денеска на Пазарот на големо во Струмица доматите се продаваат од 50 до 80 денари за килограм, пиперките 80, црвената пиперка-50, компирот од 15 до 25 денари за килограм, праските од 35 до 40, грозјето од 50 до 60 денари и црните патлиџани 20 денари за килограм. рт/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан