• недела, 22 декември 2024

Јаневска - Дрекслер: Се разгелдуваат можности за примена на концептот на дуалното образование и во високото образование

Јаневска - Дрекслер: Се разгелдуваат можности за примена на концептот на дуалното образование и во високото образование

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Воведувањето на концептот на дуалното образование по германски терк во Македонија е успешна приказна која продолжува да се развива. Ова е проект кој системски ќе се уреди со новиот Закон за стручно образование и обука кој е во изработка, а значително помогна за популаризација на средното стручно образование и зголемување на бројот на ученици во средните стручни училишта, но и за создавање на добро подготвени нови генерации кои полесно се вклучуваат на пазарот на трудот. 

Како што информираат од МОН, покрај оваа тема која била во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје, Петра Дрекслер, се разговарало и за можностите за проширување на успешната соработка во периодот што следи. 

-Постои голем интерес за продлабочување и проширување на соработката на нашата земја со Германија, особено и во областа на високото образование каде размислуваме и би можеле да го имплементираме концептот на учење преку работа по истиот принцип како во средното образование. А секако, од особена важност ни е да ги поврземе и нашите научно – истражувачки институции со тамошните, заради реализација на заеднички проекти и размена на искуства кои ќе придонесат за развојот на нашето општество во целина, рекла министерката Јаневска. 

Таа ја информирала амбасадорката Дрекслер за тековните активности кои Министерството за образование и наука ги спроведува во насока на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, посочувајќи дека една од поважните капитални инвестиции е реконструкцијата на државните студентски домови којашто се реализира со поддршка од Германската развојна банка.

На средбата се дискутирало и за наставата по германски јазик во македонските училишта, на чие унапредување и двете страни ќе бидат фокусирани во следниот период, стои во соопштението. сст/вг/

фото: МОН

 

 

Остани поврзан