• недела, 22 декември 2024

Приведено лице на Граничен премин „Табановце”

Приведено лице на Граничен премин „Табановце”

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - На влез на Граничен премин „Табановце” денеска од слобода е лишен Ф.Ф.(26) од Скопје, со привремен престој во Франција, кај чие возило било утврдено дека бројот на шасија е оштетен и на него физички било делувано.

-При извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило “бмв” со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот. Возилото е одземено со потврда, додека лицето ќе биде предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, се вели во денешното соопштение од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. сст/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан