• сабота, 04 мај 2024

Во Струмица се одржаа Републичките детски ликовни средби

Во Струмица се одржаа Републичките детски ликовни средби

Струмица, 31 мај 2023 (МИА) - Во паркот пред Домот на АРМ во Струмица денеска се одржаа 33. Републички детски ликовни средби, на кои 70 ученици распоредени во екипи од повеќе градови од државата, заедно со нивните ментори цртаа на отворено на хамер со сув пастел на штафелај на тема цвеќе.

Според организаторот, Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, покрај цртањето на отворено е поставена и изложба во фоајето на Домот.

-Во галерискиот простор се изложени 200 ликовни творби, кои пристигнаа по распишаниот конкурс, а најуспешните ќе бидат соодветно наградени, исто како и најуспешните од цртањето на отворено, рече директорката на Домот за деца и млади „Благој Мучето“, Светлана Мазгалоска Вучетиќ.

По завршувањето на цртањето на отворено беше отворена изложбата и беа доделени наградите на најдобрите млади ликовни творци од двата настани чии дела ги оценуваше жири комисија.рт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан