• недела, 21 април 2024

Во Собранито закажни три пленарни седници

Во Собранито закажни три пленарни седници

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани продолженија три пленарни седници - 131, 138 и 145-та.

На деневен ред на 131 седница, меѓу другото, се Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, предлог законите за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за заштита на децата и на Законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка.

На 138 седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, Предлог - националната стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година, Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој и на на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. Треба да се расправа и за предлог законите за стручно усовршување и обука на административните службеници  за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација. за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги.

На деневен ред на 145 седница, пак, се Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

На оваа седница треба да се расправа и за Предлог на Национална развојна стратегија 2024 – 2044, како и за предлог законите за реализација на стратешките инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM GREEN TECH и МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка.са/

Фото: МИА

Остани поврзан