• понеделник, 06 мај 2024

СПМ: Ковачевски промовира елементи без програма со цел да привлече гласачи

СПМ: Ковачевски промовира елементи без програма со цел да привлече гласачи

Скопје, 21 април 2024

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Ковачевски си промовира бомбастични елементи без програма со цел да привле гласачи. 
Тој ветува се и сешто, па и членство во ЕУ за 4 години, иако преговорите не се започнати.

Но, Ковачевски ветува и претварање на електроенергетскиот систем во акционерски и подделба на акциите на сите полнолетни граѓани, но не кажува дека дел од тој енергетски систем кајо бомбона бизнис  е одамна продаден на ЕВН.

За глупавото ветување да биде поголемо и  да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51% од акциите.

Ковачевски признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста.

Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби. 
Убаво ветување од неук за неуки.

Компании кои се пред затварање, чиј технолошки век е поминат сега ќе се поделуваат без експертиза и проценка колку вредат и колкава ќе биде вредноста на акциите.

До гуша во криминал заглавениот СДС претходно ги приватизира најдобрите комапнии по еден поранешен модел, па откако ги ограби работниците и ги претвори во технолошки вишок сега повторно им дава измислена надеж со лажни бескрајни ветувања, без реална основа. По втор пат сака на ист начин да изврши грабеж.

Неговата понуда е избор помеѓу лажна надеж, или лага, и безнадежност, или уште поголема лага. Ковачевски со ваквите настапи очекува победа на агентот од службите, променливиот Стево Пендаровски и на кандидатите на СДС за да продолжат со криминалот, крадењето и корупцијата, како до сега и без крај.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доста се ваквите празни зборови на човек кој не е избран на избори и не ги знае очекувањата на граѓаните.
Затоа на изборите мора да победи надежта што ја носи Коалицијата „Твоја Македонија“ со јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија.

Социјалистичка партија на Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан