• недела, 22 декември 2024

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии - Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог на законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, Предлог на законот за изменување на Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост, Предлог на законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија, Предлог на законот за Националната рамка на квалификации и Предлог на законот за учебници во основно и средно образование, сите во прво читање. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан