Средба на раководствата на полициите од Скопје и Сараево
- Раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски вчера оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски вчера оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.
На средбата, како што информира денеска МВР, беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови.

На средбата, како што се наведува, беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници.
На средбата од страна на двете делегации беше потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града. мд/ац/
Фото: МВР