Пронајдена дрога и приведено едно лице при претрес во Кочани
- Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне го лишиле од слобода А.Ѓ.(28) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Кочани, пронајдени и одземени се марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне го лишиле од слобода А.Ѓ.(28) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Кочани, пронајдени и одземени се марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Како што соопшти МВР, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/вг/
Фото: МИА архива