• четврток, 14 ноември 2024

Во Собранието седници на четири комисии

Во Собранието седници на четири комисии

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија, Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледат Информацијата за потребата за изменување на Договор за обезбедување на услуги - ремонт на Ми-8Т хеликоптери на Министерството за одбрана, со усогласен текст на Анекс бр.1 кон Договорот.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата има четири точки - Утврдувањето Предлог - одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, Разгледувањето на барањe од заменик министeр во Влада на Република Северна Македонија, Разгледувањето на барање од пратеник за утврдување на надоместок на закупнина на стан и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан