• петок, 14 јуни 2024

Во Скопје 114 сообраќајни санкции

Во Скопје 114 сообраќајни санкции

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 114 мерки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на контролите во областа на сообраќајот.

Како што соопшти МВР, меѓу изречените санкции 10 се за возење без возачка дозвола, исто толку за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење на сигурносен појас и седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан