• вторник, 16 април 2024

Во Скопје санкционирани 334 од кои 200 за брзо возење

Во Скопје санкционирани 334 од кои 200 за брзо возење

Скопје, 19 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Како што се наведува во соопштението од полицијата, изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас... 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ев/

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан