• петок, 21 јуни 2024

Во Скопје отворена групна изложба „Цртај македонски јазик со глаголица“

Во Скопје отворена групна изложба „Цртај македонски јазик со глаголица“

Скопје 13 јуни 2024(МИА) - Во рамки на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, синоќа во малиот салон на Галерија „КО-РА“ во  ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, отворена е  групна изложба со преку педесеттина дела насловена „Цртај македонски јазик со глаголица“.

Изложбата е во рамки на проектот „Цртаме на македонски јазик со глаголица“, поддржан од Министерството за култура на РС.Македонија, Град Скопје и ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин “-Скопје, информираат од оваа јавна установа за култура.

По повод свеченото отворање на изложбата Виолета Калиќ дипл.историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје истакнала дека значењето на овој проект е од повеќе аспекти. Тој едновремено има и едукативна димензија, која е и интердисциплинарна  или трансдисциплинарна со својот ангажиран карактер, обединувајќи повеќе области и акцентирајќи го значењето на оваа сецивилизациска  придобивка.

- Глаголицата како и сите други писма кои оставиле трага од изминатите цивилизации, имале бројни модификации и транскрипции, разнородни влијаниа, но сите тие се важна поврзница  во својот континуитет и во својата дијалектика. Буквите, азбуките, писмата, не зависно да ли се пиктурални, клинести, хиероглифи, алфабет или глаголица, етрурски или старословенски, тие се од круциелно културолошко и сецивилизациско значење.Тие се пред се  не само средство за себесоопштување и комуникација, тие се  дијалог помеѓу народите, ентитетите, светогледите, конфесииите, помеѓу просторот и времето, помеѓу искуствата и мудростите кои се пренесуваат од генерациите изминати кон сегашните и идните . Од тој аспект е и од историско значење благородната мисија која ја имаа и сесловенските просветители,нивните следбеници како и големите  духовни светилишта и големите препишувачки центри, независно да ли е Охридската или Преславската школа, потенцирала Калиќ.

Таа додала дека трагата на глаголицата датира не поведува кон изворите до десеттиот и деветтиот век,а изворите и поврзниците кои и предходеле и понатаму во својот континуитет. Тие со времето се модифицирале, се редуцирале и ја восприемувале својата сеповидоизменета форма.

- А бројните паметници кои ја запазија глаголицата ширум овој регион побудуваат голем интерс кај светските научно истражувачки кругови од бројни универзитети ширум светот, постојано  поместувајќи ги границите на нашите сознаниа. Тие вредности треба да имаат не само историско и геополитичко, социолошко, или архивско значење, тие треба да се инспиранс за секој уметник кој се заложува за запазување и афирмација на сецивилизациските вредности не зависно да ли станува збор за киевскиот мисал, башката плоча од Крк, бројните стари псалми и мисали, посочила таа.

Од Домот на културата„Кочо Рацин“- Скопје,  информираат дека  во првиот дел од проектот кој бил реализиран исто така во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците во Република Северна Македонија „ШАДРВАН“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“, се одржала Ликовната работилница со учениците од ОУ „Хасан Приштина  од Скопје со менторите: Алмира Папиќ и Сафет Црновршанин. На таа работилница се изработиле 48 ликовни дела со различна тематика, од кои 38 дела  после биле  дополнети секое со по една буква од глаголицата.

Модератор на настанот била  Лејла Ќахили како, a како предавач во проектот  при презентацијата power point, Лејла Ќахили одржа  и предавање за глаголицата.

Координатор на проектот е Мелиса Зверотик.

Во овој дел од проектот на оваа групна изложба воп Галерија „КО-РА “ се претставени  настанатите дела на учениците со поддршка на менторите,.

Најавуваат дека во третиот дел од проектот се очекува и претставување на изложбата и надвор од земјата во интеракција со учениците и од други училишта.

По овој повод биле доделени и Благодарници за сите учесници во овој настан кој има и мултикултурно значење. ад/цр

Фото: Дом на културата„Кочо Рацин“-Скопје

Остани поврзан