• четврток, 08 август 2024

Во Прилеп почнa меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен“

Во Прилеп почнa меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен“

Прилеп, 8 август 2024 (МИА) - По 16-ти пат, од денеска до 13 август, во прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“ На колонијата своите дела ќе ги создаваат 16 уметници од земјава и од странство.

-И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на завршна, заедничка изложба во Центарот, а изложбата ќе може да ја види и публиката во повеќе градови низ Македонија, вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

На колонијата своите дела ќе ги создаваат: Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, сите од Србија, а од македонија учествуваат уметниците: Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска, Слободан Милошески прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески,  Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.

Колонијата е софинансиска поддршка на Министерството за култура.

Во петнаесет години колку што досега се одржала Колонијата, е создадена импозантна збирка од преку 400 уметнички дела.ем/са/

Фото: ЦК „Марко Цепенков“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан