• четврток, 08 август 2024

Македонците во село Леска го одбележаа патронот на црквата

Македонците во село Леска го одбележаа патронот на црквата

Дебар, 8 август 2024 (МИА) - Во организација на црковниот одбор, поддржан од друштвото „Преспа" денеска одбележан е патронот на црквата „Света Петка" во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа.

- Одбележувањето почна со утринска богослужба што ја одржа парохискиот намесник Алексо Темелко. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро, рече за МИА, Панди Јани од друштвото "Преспа".

Додаде дека освен постојаните жители, за оваа селска слава,  тука биле и поранешни жители и нивните потомци, како и членови на друштвото „Преспа".

- Во храмот посветен на  Света  Петка Преподобна  Римска запаливме свеќи и се помоливме да не дарува со здравје и убавини сите Македонци каде и да сме, рече Панди Јани.

Леска е едно од деветте села на општина Пустец, со над 350 жители. Во селото постои и црквата "Свети Василиј", чиј патрон исто така достојно се одбележува. вт

Фото: друштво „Преспа"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан