• понеделник, 20 јануари 2025

Во пресрет на градската слава „Свети Никола“ во Прилеп отворена изложба на икони „Благовестие во бои“

Во пресрет на градската слава „Свети Никола“ во Прилеп отворена изложба на икони „Благовестие во бои“

Прилеп, 18 декември 2024 (МИА) - По повод прославата на патрониот празник на Пирлеп, „Свети Никола“, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата  на икони, насловена „Благовестие во бои“ на уметникот Златко Лечковски од Битола.

Пред прилепската публика се претставени  20 икони меѓу кои и иконата на Свети Никола.

-Делата се во акрилна техника. Има икони на Исус, на Богородица, а и со ретки мотиви, како „Свето семејство“. Отсекогаш ги сликам иконите. Во иконографијата се пронајдов себе си. Тоа е мојата мисија, рече авторот Лечковски.

Ова е трета изложба на Лечковски во Прилеп. Со свои икони учествувал на неколку заендички изложби, а има и 10-тина самостојни изложби во повеќе градови во земјава и во други земји во Европа. Ечковски изработил икони за бискупот на Англиканската црква, Ричард Чартрес и една икона за папата Франциско.

Изложбата на икони е дел од прославата на патронот на Пирлеп, Свети Никола. Традиционално, утре, на празникот е главното одбележување. Почнува изутрината со света литургија во црквата „Свето Благовештение“ за потоа да има литија дфо параклисот во центарот на градот каде ќе се крши славскиот колач. На плоштадот Александрија на граѓаните ќе им се подели посно јадење со мали посни сарми, грав и риба. Предвидена е и културно-забавна програма. ем/сст/

фото извор МИА

Остани поврзан