Во првиот квартал од 2025 година за 11,4 отсто зголемен бројот на патници на аеродромот во Атина
- Зголемување и на приходите и на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2025 година, бележи Меѓународниот аеродром во Атина согласно официјалните податоци од компанијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 13 мај 2025 (МИА) – Зголемување и на приходите и на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2025 година, бележи Меѓународниот аеродром во Атина согласно официјалните податоци од компанијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, во првите три месеци од годинава бројот на патници е зголемен за 11,4 отсто во споредба со истиот период лани и изнесува 5,8 милиони.
Приходите се зголемени за девет отсто и достигнале 125 милиони евра, за 10,4 милиони повеќе во споредба со првиот квартал од 2024 година. ср/ссм/
Фото: Архива МИА