• сабота, 18 мај 2024

Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе

Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе

Кабул, 18 април 2024 (МИА) – Бројот на загинати во невремето што ги зафати Авганистан и Пакистан се искачи на 137 луѓе. Регионот е погоден од поројни дождови, а во некои области и денеска се очекуваат нови обилни врнежи.

Во Пакистан загинаа најмалку 67 лица, а во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба поради лошата инфраструктура.

Додека во Авганистан во невремето загинаа околу 70 луѓе, повредени се 56 лица, а 2.627 куќи се оштетени.

Во текот на изминатите неколку месеци во Авганистан обилните врнежи од снег и дожд предизвикаа голем број смртни случаи.

Според метеоролозите екстремните временски појави, поплави и суши се во пораст во Авганистан и Пакистан поради климатските промени. ми/

фото: Икс

Остани поврзан