• недела, 22 декември 2024

Во Охрид настан по повод Светскиот ден на водата, да се посочи вредноста на Охридското Езеро

Во Охрид настан по повод Светскиот ден на водата, да се посочи вредноста на Охридското Езеро

Охрид, 22 март 2024 (МИА) – Во рамки на одбележување на 22 март - Светскиот ден на водата, под мотото „Вода за мир“ Општинската организација на Црвениот крст и Центарот за јавно здравје од Охрид со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, утре на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе организира забавно-едукативен настан.

Настанот има за цел да се истакне вредноста на Охридското Езеро како огромен природен базен на питка вода, што во услови на  зголеменото влијание на климатските промени, зголемување на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји Албанија и С.Македонија, обединување и сериозен пристап во неговата заштита.

Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира на опасноста за Охридското Езеро и неговиот еко-систем од евентуалното одржување на настанот  светско првенство во трка со чамци „Формула 1“, за јули оваа година во акваторијата пред албанскиот град Поградец.

„И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за  избегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа. Да се обединиме околу водата и ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина“, посочуваат организаторите на настанот. аб/дма/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан