• понеделник, 13 мај 2024

Во недела без вода корисници од повеќе улици и деловни објекти во Гази Баба

Во недела без вода корисници од повеќе улици и деловни објекти во Гази Баба

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Поради промена на затворач ф-600 мм на крстосницата булевар „Александар Македонски“ со „16-та Македонска Бригада“ на 4 февруари (недела) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците улиците „512“, „515“, „516“, „520“,  „Ист Гејт Мол“, објектот на Топлификација, објектот на Општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булеварот „Александар Македонски“, ул. „808“, „Скопска Пивара“, „Алкалоид“, „ЈСП“ и „Кока Кола“.

Како што информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Киро Глигоров“, дел од населба Автокоманда, Хиподром, Маџари,Ченто, Трубарево и Стајковци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан