• понеделник, 20 мај 2024

Во напад пред суд во Истанбул пет лица се ранети, напаѓачите се убиени

Во напад пред суд во Истанбул пет лица се ранети, напаѓачите се убиени

Истанбул, 6 февруари 2024 (МИА) - Пет лица се ранети во напад на влезот на судската зграда во Чаглајан, Истанбул, а двајца напаѓачи се убиени, потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолија.

Тој изјави дека меѓу повредените има и тројца полицајци.

Јерликаја на социјалните мрежи објави дека нападот се случил на контролен пункт пред влезот на судот.

- Напаѓачите се убиени - маж и жена. Повредени се пет лица, меѓу кои тројца полицајци. Честитки за нашите херојски полицајци. Ни треба итна помош за нашите повредени. Им посакувам брзо закрепнување - рече турскиот министер.

Јерликаја изјави дека е утврдено оти двете лица неутрализирани во терористичкиот напад се членови на терористичката организација ДХКП/Ц (Револуционерна Народноослободителна Партија/Фронт). ссм/

фото: принтскрин 

Остани поврзан