• четврток, 16 мај 2024

Во кумановската гимназија одбележани 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Во кумановската гимназија одбележани 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Куманово, 4 февруари 2024 (МИА) - Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија. Ученици, граѓани ја одбележаа 152-та годишнина од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички партии, невладини организации, граѓани.

Директорката на гимназијата Марија Тодоровска, посочи дека училиштето достојно го носи името на револуционерот Гоце Делчев.

- Голема благодарност до учениците кои подготвија соодветна програма за чествување на патронот. И во училишните клупи, учениците и вработените се трудиме да се водиме по космополитската мисла на Делчев, да се натпреваруваме во знаење и меѓусебно почитување, рече Тодоровска.

Пред присутните во дворот на  гимназијата, учениците прочитаа творби во чест на визионерот. ам/дма/


Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан