• четврток, 02 мај 2024

Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто 

Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто 

Крива Паланка, 24 април 2024 (МИА) -  Во Крива Паланка денеска до 11 часот на првиот круг од претседателските избори гласале речиси една четвртина од вкупниот број гласачи запишани во избирачкиот список, односно 24,5 проценти.

Општина Кратово, според информациите од претседателката на општинската изборна комисија, Јасминка Крстевска, бележи 19,65 отсто излезност до 11 часот, се гласа на вкупно 34 избирачки места, а право на глас имаат 7536 граѓани.

Во Општина Ранковце, пак, до 11 часот излезноста е 14,11 отсто, а се гласа на 13 избирачки места. ид/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан